Дома Фудбал Англија Некој се заканил дека ќе фрли бомба на Мегваер!

Некој се заканил дека ќе фрли бомба на Мегваер!

На капитенот на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер не му оди во изминатиот период.

Откако повторно се најде на ударот на јавноста поради големите грешки на теренот репрезентативецот на Англија стана и мета на сериозни закани после тешкиот пораз од Ливерпул (4:0).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, полицијата во Манчестер реагирал после закана од анонимно лице дека ќе фрли бомба на Мегваер. Веднаш по најавата полицијата пристигнала во домот на дефанзивецот за да се увери дека станува збор за лажна закана.

Мегваер во својот дом живее заедно со вереницата Ферн и неговите две ќерка, заканата била испратена преку мејл. Формата на Мегваер сезонава е навистина разочарувачка, скоро и да нема натпревар после кој не е критикуван, меѓутоа и понатаму е дел од стартниот тим на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…