Дома Фудбал Италија Интер против Милан стана рекордер по заработка во Купот на Италија

Интер против Милан стана рекордер по заработка во Купот на Италија

По ремито во првиот меч (0-0), Интер во реваншот го декласираше Милан со 3-0 и се пласираше во финалето на италијанскиот Куп.

Првите два гола беа постигнати од Лаутаро Мартинез во првото полувреме, додека точка на мечот стави Госенс. Италијанските медиуми пишуваат дека Интер урнал и рекорд во Купот, откако продал 74.508 блети, а притоа заработил 4.156.710 евра.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Интер во финале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Јувентус и Фиорентина, откако во првиот дуел славеше „Старата дама“ со 1-0. Интер последен пат го освои трофејот во Купот во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чаби Алонсо ќе го наследи Анчелоти во Реал

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…