Дома Останати Кошарка НБА Ну Орлеанс го изненади Феникс, Батлер со 45 поени го водеше Мајами до втора победа

Ну Орлеанс го изненади Феникс, Батлер со 45 поени го водеше Мајами до втора победа

Три натпревари од плеј-офот во НБА лигата донесоа големо изненадување на Западната конференција.

Њу Орлеанс Пеликанс на гости славеа против Феникс со 114:125 и така изедначија во серијата на 1:1. Пеликански кои во разигрувањето стигнаа преку плеј-инот ги предводеше Брендон Инграм на кого две асистенции му недостасуваа за трипл-дабл. Мечот го заврши со 37 поени, 11 скокови и 9 асистенции.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во редовите на Феникс Девин Букер со 31 поен беше на ниво, додека одличен натпрвеар со 17 поени и 14 асистенции одигра и Крис Пол.

Мајами има сигурни 2:0 против Атланта Хокс после победа 114:105 и чекори кон вториот круг од плеј-офот. Џими Батлер го предводеше тимот од Флорида до нов триумф.

Резултатот во серијата измеѓу Мемфис и Минесота сега е 1:1 после победата на домаќините од 124:96. Гризли до вредниот триумф ги предводеше Морант со 33 поени, девет скока и десет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…