Дома Останати Тенис Невакцинирањето на Ѓоковиќ било причина за крај на соработката со тренерот Вајда

Невакцинирањето на Ѓоковиќ било причина за крај на соработката со тренерот Вајда

Даниел Мукш е човекот кој ја напиша биографката книга за Новак Ѓоковиќ, а често пати знае да објави и интересни детали поврзани со најдобриот светски тенисер. Сега тој зборуваше за прекинот на соработката на Ѓоковиќ со неговиот тренер Марјан Вајда.

Вајда е еден од најзаслужние луѓе за големите успеси на Ѓоковиќ во кариерата, а неодамна беше потврдено дека ја прекинуваат соработката. Мукш тврди дека една од причините е одбивањето на Ѓоковиќ да се вакцинира.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Знам дека вакцинирањето беше еден од деталите поради кој тие престанаа да соработуваат. Имаше жешки дебати бидејќи Вајда гледаше поинаку на таа тема од Новак. Тој го советуваше да се вакцинира, меѓутоа Ѓоковиќ не го слушаше“, изјави Мукш.

На Ѓоковиќ не му оди баш најдобро по прекинот на соработката со Вајда. Пред крајот на четвртиот месец од годината Ноле нема титула на ниту еден турнир, а на четирите мечеви кои го одигра претрпе два порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе …