Дома Фудбал Лига на шампиони „Кога место логика, ќе изберете магија…“

„Кога место логика, ќе изберете магија…“

Лука Модриќ не престанува да го воодушевува фудбалскиот свет, а неговиот последен потег кој предизвика огромни реакции во фудбалскиот свет е асистенцијата во Лигата на шампионите во победата против Челзие од 3:1.

Модриќ прими топка на левата страна на 30-тина метри од голот и тогаш со маестрална топка го пронајде Родриго на кого му остана полесниот дел од задачата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пасот на Модриќ е нешто за кое најмногу се зборува во претходните денови, а дел од јавноста забележа и дека Хрватот во таа ситуација имал многу пологично решение во кое Реал повторно можеби би влегол во добра прилика.

„Фудбалската генијалност некогаш се гледа во тоа што нема да направите. Модриќж можеше да едноставно да додаде до Винисиус кој беше слободен и имаше отворен простор. За тоа ќе беше потребно едноставно додавање за кое не е потребна некаква техника. Место такво „обично“ додавање Модриќ се реши да го бара Родриго со топка испратена со надворежниот дел од стапалото. На десет минути пред елиминација од ЛШ Модриќ место логика, избра магија…“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Руни „распали“ кон ѕвездите на Јунајтед: Немате ниту страст, ниту желба…

Вејн Руни, легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, смета дека тренерот Рубен Аморим мо…