Сениорската репрезентација на Македонија би можела да одигра пријателски натпревар со Украина по барање на оваа земја која ја очекува баражот за Светското првенство.
Поради ситуацијата во нивната земја баражот против Полска беше одложен, засега не е познато кога тој натпревар ќе се игра. Меѓутоа од Украина соопштија дека се разговарало со Македонија и Франција за одигрување на пријателски натпревар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во овој момент бараме добар камп каде што би се подготвувале за натпреварите, не сакаме сам од го одиграме тој бараж за СП, туку сакаме и да победиме. Нашите фудбалери беа во добра играчка форма и наша задача е да им ја одржиме таа форма. Во овој момент преговараме за контролен натпревари со Франција и Македонија. Детали се уште не можам да ви кажам“, изјави потпретседателот на Украинскиот фудбалски сојуз Олег Протасов.
Покрај тоа претходно од Украина соопштија дека и Италија е опција за пријателски натпревар.