Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ не е задоволен со понудата која ја добил од Реал Мадрид и нема намера да прифати помала плата за да потпише нова соработка.
Договорот на Модриќ завршува на 30 јуни, а уште претходно беше познато дека се преговара за нова соработка, но очигледно се појавија првите проблеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Модриќ се согласил на 10 отсто помала плата минатото лето поради финансиската криза поради пандемијата, меѓутоа не сака и овој пат да зема помалку пари.
Хрватот во моментов заработува 11,2 милиони евра годишно и планира да потпише договор на уште една-две години со истата плата.
Модриќ пристигна во шпанскиот клуб во 2012 година, кога Жозе Мурињо го купи од Тотенхем.