Дома Фудбал Останато Ван Бастен: Што ќе биде ако сите играат како Атлетико?! Укинете го офсајдот…

Ван Бастен: Што ќе биде ако сите играат како Атлетико?! Укинете го офсајдот…

Марко Ван Бастен е поранешна ѕвезда на Ајакс и Милан, а во еден период беше и селектор на Холандија, сега тој ги критикуваше екипите кои играат како Атлетико Мадрид, но и испрати порака да се укине офсајдот.

Диего Симеоне и Атлетико Мадрид добиваат голем број критики од јавноста после поставеноста во натпреварот против Манчестер Сити кога „јорганџиите“ играа со формација 5-5-0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Кога еден тим игра со таква поставеност претешко е да дадете гол. Таквиот фудбал воопшто не е убав за гледање. Попрво би гледал филм, отколку таков фудбал, верувам дека така размислува и најголем дел од публиката. ФИФА мора да го разгледа ов ој проблем, фудбалот со такви екипи не е интересен. Да, дека секој може да постави тактика како што сака и како што мисли дека му одговара, меѓутоа навивачите не сакаат да го гледаат – што би било ако сите играат вака? Можеби треба офсајдот да се укине…“, порача Ван Бастен.

Ван Бастен и претходно додека беше дел од ФИФА неколку пати изјавуваше дека офсајдот според него е подобро да го нема, но јасно е дека во блиска иднина за такво нешто нема да се разговара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…