Дома Фудбал Негатива во Мадрид Челзи ќе мора да ја „брка“ без Лукаку

Негатива во Мадрид Челзи ќе мора да ја „брка“ без Лукаку

Челзи во утрешниот натпревар против Реал Мадрид во кој „сините“ ќе „бркаат“ негатива од 1:3 на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде без напаѓачот Ромелу Лукаку.

Лукаку има повреда на петата поради која го пропушти и натпреварот против Саутемптон во саботата кој Челзи го доби со 0:6. Постоеа можности Лукаку да игра утре, но сепак на крајот е донесена одлука тој да не патува со тимот.

На првиот натпревар во Англија, Лукаку играше во второто полувреме и влезе во една голема прилика за постигнување гол, но не ја искористи. Челзи за Лукаку пред почетокот на сезоната на Интер му плати сума од 98.5 милиони фунти, меѓутоа Белгиецот е далеку од посакуваната форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Зерби го мерка Делап: Тотенхем подготвен и да почека за нов напаѓач

Лиам Делап е меѓу напаѓачките цели на Тотенхем, но тешкотиите за јануарски трансфер би мож…