Чави Ернандез ја препороди Барселона, а вчера Каталонците запишаа нова победа во Ла Лига, совладан беше Леванте на гости во Валенсија.
Барселона до победата дојде тешко, со гол во последните на Лук Де Јонг за 2:3, а имаа и негатива од 1:0. Иако предноста на Реал на врвот на табелата е 12 бода, сепак Чави не се откажува од титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не одигравме добар натпревар и од тој факт не можеме да избегаме, среќен сум за клучните одбрани на Тер Штеген и победничкиот гол на Де Јонг. Треба уште да работиме на нашата игра и да ја подобриме, но ме радува натпреварувачкиот дух на екипата, стекнавме еден победнички менталитет, а тоа секако е многу важно. Ова се три златни бода со кои останавме во битка за титулата“.
Стратегот на Барселона верува дека ако Реал „киксне“ во наредните две кола ситуацијата до крајот ќе биде поинтересна.
„Веруваме во титулата. Ќе биде тешко затоа што Реал засега не греши, но ако испуштат бодови во наредните две кола ќе имаме интересна завршница“, изјави Чави.
Титулата за Чави е далеку, но ако се знае во каква ситуација дојде во Барселона и ова второ место е успех. Тимот Чави го презема кога беше на 7-8 позиција на табелата со многу проблеми, тогаш се доведуваше во прашање местото во Лигата на шампионите…