Дома Останати Ракомет Тот сепак починал како последица од насилство

Тот сепак починал како последица од насилство

Смртта на 27-годишниот ракометар Денис Тот настанала како последица на насилство, потврдиле докторите од Судска медицина за „Телма“.

Иако братот на ракометарот Денис Тот доцна вчера вечер објави дека смртта кај Тот дошла како последица од срцев удар, информациите од Судска медицина денес се поинакви.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Насилна смрт. Докторите од Судска медицина ги разрешија дилемите во јавноста, откако обдукцијата покажа дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на 27-годишниот ракометар од Хрватска, Денис Тот, кој вчераутро почина на скопските клиники.

Потврда за ова добивме и од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени и ја чекаат целосната документација за да отворат предмет. Од доказите ќе зависи квалификацијата на делото, дали ќе биде убиство или насилство со смртни последици.

Инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка,  се веќе приведени, а третиот е во бегство. За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк“, објави денес „Телма“.

Во текот на денешниот ден Обвинителството би можело да излезе и со официјални информации после извршената обдукција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…