Дома Фудбал Aнчелоти не е сигурен дали ќе биде тренер на Реал и наредната сезона

Aнчелоти не е сигурен дали ќе биде тренер на Реал и наредната сезона

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти призна дека не е сигурен дали и наредната сезона ќе биде тренер на Реал Мадрид.

Реал Мадрид има солидна предност на врвот на табелата во Ла Лига и чудо треба да се случи за „кралевите“ да останат без титулата во шпанското првенство. Сепак, Анчелоти не е толку сигурен дека ќе го води Реал и наредната сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„На крајот од сезоната клубот ќе ја оцени мојата работа и ќе биде донесена одлука дали треба да продолжам. Јас сум тука и уживам во секој ден“, изјави Анчелоти.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Анчелоти може да ја загуби работата во Реал само ако „кралевите“ не ја освојат титулата во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …