Дома Фудбал Репрезентации Ристовски: И една Германија да играше на гости со Италија и Португалија тешко ќе одеше на СП

Ристовски: И една Германија да играше на гости со Италија и Португалија тешко ќе одеше на СП

Репрезентацијата на Македонија не успеа да се пласира на Светското првенство откако во финалниот бараж бевме поразени од Португалија во Лисабон, патот до Мундијалот беше екстремно тежок затоа што претходно ја победивме и Италија на гости.

Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски посочи дека постои мала горчливост поради поразот, но не и тага.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„После еден ваков успех човек не може да биде тажен, штета е што не се играше само еден натпревар како што беше случај во претходните години. Во таков случај приказната уште повеќе ќе се паметеше. Приредивме светска сензација со победата против Италија и не делеа само 90 минути од пласман на Светско првенство. Постои таа мала горчина, но човек не може да биде тажен затоа што игравме два натпревари со светски велесили. И една Германија да играше на гости со Италија и Португалија ќе и беше тешко да помине. Ние одигравме машки, меѓутоа тешко е да издржите против такви светски супер сили. Сепак кога се ќе се собере испаднавме херои“, изјави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…