Карим Бензема беше ѕвездата на вечерта и херој на Реал Мадрид во вчерашното четвртфинале против Челзи во Лигата на шампионите.
Французинот постигна хет-трик од 21. до 46. минута и уште еднаш ја потврди големата форма во која се наоѓа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Магична ноќ. Исто како и против ПСЖ влеговме на теренот за да победиме работите одеа добро од првата до последната минута. Се боревме до крај“, изјави Бензема.
Бензема постигна два гола во првото полувреме, но имаше и едно големо промашување. Тоа промашување му стоело во глава се додека не го постигнал третиот гол.
„Сите три гола беа за мене многу важни, но јас би го одбрал третиот затоа што направив грешка во првото полувреме и таа грешка беше во мојата глава. Сепак, се уште ништо не е готово, треба да ја завршиме работата и дома во Мадрид“, изјави Бензема по натпреварот.