Дома Фудбал Останато „Разговарав со Салах, ми кажа дека донел одлука да продолжи со Ливерпул“

„Разговарав со Салах, ми кажа дека донел одлука да продолжи со Ливерпул“

Веќе подолго време Ливерпул и Салах преговараат за продолжување на соработката, но никако двете страни да си подадат рака досега, се шпекулира дека Салах бара голема плата за да остане на „Енфилд“.

На големо веќе почна да се најавува и тоа кој клуб може да биде негова наредна дестинација, меѓутоа сега Министерот за Спорт на Египет, Ашраф Соби откри какви се плановите на Салах. Неговата изјава сигурно ќе ги израдува навивачите на Ливерпул.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Се сретнав со Салах на аеродромот после натпреварот со Сенегал и неуспехот да обезбеди настап на Светското првенство. Разговаравме и му кажав да заборави што се случи и да се фокусира на работите кои доаѓаат. Мојот совет за него беше да се проба во друг клуб, но ми кажа дека неговата одлука е да го продолжи договорот со Ливерпул“, изјави Соби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…