Дома Фудбал Англија Конте: Сакав да го имам Кулушевски и во Интер, но Јувентус понуди повеќе пари

Конте: Сакав да го имам Кулушевски и во Интер, но Јувентус понуди повеќе пари

Дејан Кулушевски игра одлично во Тотенхем откако пристигна во овој клуб во јануарскиот преоден рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кулушевски во досегашниот дел од сезоната забележа два гола и пет асистенции во 12 натпревари во Премиер лигата. Конте истакна дека сакал да го доведе Кулушевски кога бил и во Интер, но тогаш Јувентус понудил повеќе пари и победил во трката.

„Сакав да го имам Кулушевски уште во Интер, меѓутоа Јувентус понуди повеќе пари и го ангажираше. Зборуваме за фудбалер кој има 21-22 години, треба да продолжи да игра на овој начин има одлична техника и цврстина. Тотенхем направи одлична зделка“, изјави Конте.

Во овој момент Тотенхем е на четвртата позиција во Премиер лигата и до крајот на сезоната ќе се бори за место во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Сити заработува милиони, а вчера ја шокираше јавноста кога видоа каков телефон носи

Манчестер Сити во финалето на ФА Купот кое се играше на Вембли успеа да го победи Челси со…