Дома Фудбал Останато Балотели ужива во Турција, но со задоволство би се вратил во Италија

Балотели ужива во Турција, но со задоволство би се вратил во Италија

Некогашниот репрезентативец на Италија, Марио Балотели кој сега настапува во турската екипа Адана Демирспор зборуваше за италијанските медиуми за актуелната фаза од својата кариера и истакна дека е задоволен од условите во кој во овој момент настапува во Суперлигата на Турција.

Балотели во тековната сезона во дресот на Демирспор на 27 натпревари во сите натпреварувања постигна 12 голови и забележа шест асистенции.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Прифатив многу предизвици во својата кариера, а во овој со играњето во Турција навистина уживам. Навивачите тука се верни, многу им се важни играчите и фантастично е кога имате таква поддршка. Многу ми е мило што тренер ми е Виченцо Монтела. Како дете го гледав на телевизија, а сега ми дава совети“, изјави 31-годишниот Марио Балотели за „Скај Спорт“.

Следуваше прашање дали би сакал да се врати во Италија ако добие понуда, Италијанецот одговори со насмевка.

„Мојата насмевка се ви кажува“, кратко порача Балотели.

Балотели во Турција пристигна пред почетокот на сезоната, а претходен клуб му беше Монца. Во кариерата настапуваше уште за Лумецано, Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј и Бреша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…