Дома Фудбал Италија оди на Светско првенство по службен пат?

Италија оди на Светско првенство по службен пат?

Меѓу фановите на италијанскиот фудбал се појави надеж дека „аѕурите“ сепак може да играат на Светското првенство во Катар.

Македонија го елиминира тимот на Манчини во баражот, но според Мадиасет има шанси „аѕурите“ да одат во Катар на местото на Иран, кој избори пласман за СП.

Како што е веќе познато на последниот меч на Иран им било забрането на 2000 жени да влезат на стадион иако имале билети. Во исламската република им е забрането на дамите да гледаат фудбал, за што ФИФА во неколку наврати ја предупреди Федерацијата.

Сега на Апенините „навиваат“ ФИФА да ги казни иранците со суспензина од Мундијалот. Во тој случај Италија ќе го земе нивното место како репрезентација со највисок рејтинг, која не успеа да избори пласман на СП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе чека подолго? Јилдиз би можел да заигра дури во 2027 година

Закрепнувањето на Кенан Јилдиз оди побавно од планираното, а според „Ла Стампа“, неговиот …