Дома Фудбал Останато Иднината на Бејл зависи од Велс, може да стави крај на кариерата

Иднината на Бејл зависи од Велс, може да стави крај на кариерата

Герет Бејл ќе чека да види дали Велс ќе се пласира на Светско првенство пред да донесе одлука за својата иднина.

32-годишниот Бејл со два гола против Австрија го однесе Велс во финалниот бараж, каде треба да играат против подобриот од мечот Шкотска – Украина, кој беше одложен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бејл сигурно ќе го напушти Реал Мадрид бидејќи неговиот договор со „кралевите“ истекува на крајот на сезоната.

„Се уште ништо нема одлучено. Кога ќе знаеме каква е ситуацијата на Велс со Светското првенство, тогаш ќе зборуваме“, изјави агентот Џонатан Барнет.

Според медиумите Бејл може да стави крај на кариерата на лето, а ако успее да го однесе Велс на Светскот првенство ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата за да биде спремен за Миндијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потврдено – Светскиот шампион од 2018 објави дека се пензионира на 31 година

Стоперот Самуел Умтити одлучи да ја заврши професионалната кариера. Повредата на коленото …