Дома Македонски спорт За да игра за Македонија Елмас одбил две понуди од Турција

За да игра за Македонија Елмас одбил две понуди од Турција

Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Наполи, Елиф Елмас е еден од најдобрите фудбалери во нашата селекција која вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Португалија во Порто во битката за Мундијалот во Катар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Турските медиуми пишуваат дека директорот на Фудбалската федерација на Турција, Фатих Терим се обидел во минатото да го убеди Елмас да заигра за неговата репрезентација, но Елиф ја одбил таа идеја.

Елмас во тие моменти немаше настапено за првиот состав на Македонија, па затоа Турците сакале да ја искористат шансата, меѓутоа нивните обиди биле залудни затоа што талентираниот фудбалер имал желба да игра само за Македонија.

Текстот од турските медиуми може да се прочита ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …