Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон иронично реагираше после вчерашната трка за Големата Награда на Саудиска Арабија каде што неговата екипа не покажа дека изгледа моќно како во претходната деценија.
Од стартот на 2012 година Мерцедес доминира во Фомрула 1, Луис Хамилтон стана и еден од најголемите во овој спорт. Меѓутоа сезонава не му оди на почетокот, болидот кој го дизајнираа на почетокот на зимата не изгледа усовршен и како таков тешко се носи со Ферари и Ред Бул. Хамилтон возеше катастрофално во квалфикациите и беше елиминиран во „Q1“ што не му се случило од 2017 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчерашната трка ја стартуваше како 16-ти и заврши на 10-тата позиција. Со оваа позиција Хамилтон освои еден бод, а интересен беше разговорот кој го водеше со неговиот механичар.
„Дали воопшто се доделува поен за ова место?“, запраша Хамилтон на што механичарот му одговори потврдно.
Lewis Hamilton asking Bono: “Is there even a point for that position?” after finishing the #SaudiArabianGP on P10. Only way is up for Merc now! #F1 pic.twitter.com/XMLv13nPYS
— TrackedF1 (@tracked_f1) March 27, 2022