Дома Фудбал Останато Сантош и Силва едногласни: Мора да внимаваме на Македонија

Сантош и Силва едногласни: Мора да внимаваме на Македонија

Селекторот на португалската репрезентација Фернандо Сантош и една од ѕвездите, Бернардо Силва со голем респект зборуваа за македонската репрезентација.

После победата над Италија, македонската репрезентација и гостува на Португалија во финалниот бараж за пласман на Мундијалот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Против Македонија треба да покажеме почит кон противникот каков што би имале да беше Италија наш ривал. Овие мечеви не се шега. Финале е и се може да се случи. Мора да бидеме фокусирани како што бара еден ваков натпревар. Екипа која оди на теренот на европскиот шампион и го победува, заслужува респект“, изјави Сантош.

„Македонија како гостин победи на четири од нејзините пет последни средби во квалификациите за СП. На две од нив против гиганти како Германија и Италија, и тоа кажува многу.Тие се агресивен тим, ќе нè притиснат и ќе дојдат со голема самодоверба. Притисокот кај нас секогаш постоеше затоа што не се работи за ривалот, туку за пласман на Светското првенство. Мораме да бидеме во Катар и не смееме да ги изневериме нашите навивачи“, изјави Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

МакГрегор ја повлече кандидатурата за претседател на Ирска

Конор МекГрегор (37) неодамна објави дека планира да се кандидира за претседател на Ирска,…