Дома Фудбал Репрезентации Ристовски: Не можам да поверувам што направивме – имаме сили да ја победиме Португалија!

Ристовски: Не можам да поверувам што направивме – имаме сили да ја победиме Португалија!

Maкедонија вечерва ја победи Италија во Палермо и секако тоа донесе голема радост во нашите редови.

Тешко може да се опише победата на „Ренцо Барбера“ вечерва, а тоа се обиде да го направи капитенот Стефан Ристовски.

„Не можам се уште да поверувам што направивме. Се надевам и јас ќе дочекам дочек пред полн плоштад во Скопје. Имаме сили да ја победиме Португалија, имаме енергија, не сме уморни и исполнети сме целосно. Сакам прво да прославиме, а потоа ќе се спремаме за гостувањето во Порто“, изјави Ристовски.

Натпреварот против Португалија ќе го играме на 29-ти во Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рома повторно ќе тргне по Ендрик? Д’Амико проговори за јануарските планови

Спортскиот директор на Рома не потврди нов обид за Ендрик, но најави работа на засилувања …