Дома Фудбал Англија Погба искрено за проблемите: Започнаа со Мурињо, со или без Манчестер Јунајтед сакам трофеи!

Погба искрено за проблемите: Започнаа со Мурињо, со или без Манчестер Јунајтед сакам трофеи!

Пол Погба е како поинаква личноство клубот и репрезентацијата. Кога игра за Франција изгледа како најдобрите играчи за врска во светот, додека во Манчестер Јунајтед е просечен играч.

„За Франција играм и ја знам својата позиција. Чувствувам доверба од тренерот и соиграчите. Во Манчестер Јунајтед поинаку кога често се менуваат тренерите, позцииите, системот на игра или соиграчите. Со селекторот се сложувам, а во Јунајтед се прашувам дали имам право на позиција. Го поставувам тоа прашање и не добивам одговор“.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Призна дека не е со ништо задоволен од последните пет сезони, а сите проблеми почнале со Жозе Мурињо.

„Треба да бидам искрен. Не сум задоволен со последните пет сезони, никако. И оваа сезона нема да освоиме ништо. Дали во Манчестер Јунајтед или некаде на друго место сакам да освојувам трофеи. За мене лично потешкотиите започнаа кога тренер беше Жозе Мурињо. Си поставуваш самиот на себе прашања дали си виновен затоа што никогаш во животот претходно не си доживеал такви моменти“, изјави Погба.

Интересно е што Манчестер Јунајтед последниот трофеј го освои токму со Мурињо, тоа беше Лигата на Европа во 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одреден терминот за првото „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона наскоро ќе го одиграат првото „Ел Класико“ во Ла Ли…