Дома Фудбал Објавени платите на играчите на ПСЖ, Нејмар пред Меси

Објавени платите на играчите на ПСЖ, Нејмар пред Меси

Нејмар е фудбалер со највисока плата во француската Лига 1, објави денес еминентниот весник „Екип“.

Бразилецот е пред Лионел Меси, кој минатото лето пристигна во ПСЖ од Барселона.

Од податоците кои денес ги објави „Екип“ само двајца фудбалери кои не се од ПСЖ се меѓу 23-та најплатени фудбалери во Лига 1. Станува збор за ѕвездите на Монако, Бен Једер и Цеск Фабрегас.

Нејмар месечно добива 4 милиони евра бруто плата, додека Меси има плата од 3.375.000 евра бруто. На трето место е Килијан Мбапе, а потоа следуваат Маркињос, Верати, Хакими и Навас.

„Екип“ го откри и платите на тренерите, каде далеку најплатен е Маурисио Покетино со 1,1 милиони евра бруто плата на месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аканџи предвреме се враќа во Интер, Швајцарија без него против Шкотска

Мускулен замор го оддалечи Мануел Аканџи од репрезентативниот собир, но засега не се очеку…