ПСЖ доживеа шокантна елиминација од Реал Мадрид во Лигата на шампиони, иако имаа предност од два гола до триесет минути до крајот.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Нејмар беше меѓу најкритикуваните фудбалери на ПСЖ после мечот и беше исвиркан од фановите заедно со Лионел Меси.
Бразилецот истакна дека покажале дека се тим и во тешки моменти и дека можат да ја променат атмосферата.




„Тоа беше тешка седмица за нас. Не сакавме да загубиме и не предвидовме ваков исход. Напротив. Сите бевме обединети во идејата да одиме понатаму во ЛШ. Се вратив од повреда и дадов се на тој меч. Загубивме, но тоа го направивме како тим. Животот на спортистот е таков. Еден ден си херој, другиот ден си трагичар. За кратко време можеме да ја смениме ситуацијата“, изјави Нејмар.