Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Резултатот не е реален, Романија нема да се предаде до крај

Лазаров: Резултатот не е реален, Романија нема да се предаде до крај

Македонската ракометна репрезентација оствари победа од осум голови разлика (30:22) во првиот натпревар против Романија во квалификациите за СП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, селекторот Лазаров вели дека високата победа дошла во последните 15 минути и повика на петпазловост во реваншот.

„Пред се, сакам да им се заблагодарам на навивачите, беше прекрасно да се игра дома пред ваква атмосфера после паузата поради коронавирусот. Конечно игравме пред полна сала, пред нас имавме одличен противник и се излезе добро. Се согласувам со Пасквал, резултатот не е реален, но во ракометот се игра 60 минути.Ние многупати сме губеле натпревари на кои сме играле добро 45 минути, а сега имавме одлични 15 завршни минути“, истакна Лазаров.

„За разлика од Европското првенство, сега имавме поширока ротација, со Никола Маркоски, неколку помлади играчи, и тоа беше клучот што победивме. Треба да бидеме претпазливи на реваншот, добро го познавам селекторот Пасквал, го почитувам и верувам дека тој нема да се предаде до крај“, додаде селекторот.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …