Дома Фудбал Јувентус спреми нов договор за Данило

Јувентус спреми нов договор за Данило

Раководството на Јувентус ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Данило, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на Бразилецот истекува во 2024 година, но во клубот се многу задоволни од неговите партии оваа сезона.

„Спортмедиасет“ пренесува дека „бјанконерите“ спремиле нов договор и сакаат да го задржат до 2026 година.

30-годишниот Бразилец игра важна улога во тимот на Алегри бидејќи може да игра и како бек и како цетрален дефанзивец.

Бразилецот пристигна во Јувентус од Манчестер Сити во 2019 година како дел од трансферот на Жоао Кансело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ асистираше, Пулишиќ погоди: Милан го освои Удине

Милан славеше со 2:0 кај Удинезе, а Пулишиќ по натпреварот зборуваше за соработката со Мод…