Дома Македонски спорт Мак фудбал 24. коло ПМФЛ – Најдобриот македонски судија ќе дели правда на Струга – Шкупи

24. коло ПМФЛ – Најдобриот македонски судија ќе дели правда на Струга – Шкупи

Со натпреварот помеѓу Струга Трим Лум и Шкупи утре ќе биде отворено 24. коло во македонската прва лига. Денес се одредени и судиите за ова коло.

За натпреварот крај Охридското езеро е избран најдобриот македонски судија Александар Ставрев, Димитар Пилешков ќе дели правда во Тетово на дуелот Ренова – Работнички.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На „Железарница“ каде што ќе се сретнат Скопје и Шкендија главен на центарот ќе биде Стојан Трпчевски, Марјан Ацевски ќе „свири“ на Борец – Македонија Ѓорче Петров, Крумислав Георгиев е назначен за главен на натпреварот меѓу Тиквеш и Академија Пандев, додека Фуркан Идризи е избран за мечот Пелистер – Брегалница.

24. коло ПМФЛ:

Петок

Струга – Шкупи

Сабота

Борец – Македонија ЃП

Скопје – Шкендија

Пелистер – Брегалница

Ренова – Работнички

Тиквеш – Академија Пандев

Сите средби се играат со почеток од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…