Дома Фудбал Крадци влегле во домот на Погба додека неговите деца спиеле

Крадци влегле во домот на Погба додека неговите деца спиеле

Елиминацијата од Лигата на шампионите не беше единствен проблем со кој се соочи Пол Погба во таа вечер.

Крадци влегле во домот на Погба додека тој бил на натпреварот со Јунајтед против Атлетико Мадрид.

„Во минатата ноќ моето семејство го имаше најлошипт кошмар, нашиот дом беше ограбен додека нашите бебиња спиеа во спалната. Крадците се задржале во домот пет минути и за тоа време земале нешто повредно за нас од се што имаме во домот…нашето чувство за безбедност и сигурност“.

„Се се случувало во последните минути од натпреварот кога знаеле дека нема да бидеме дома. Заедно со мојата сопруга брзавме накај дома незнаејќи дали нашите деца се безбедни и неповредени. За еден татко нема полошо чувство од тоа да не можеш да бидеш на лице место да си ги заштитиш своите деца. Се надевам дека никој никогаш нема да го почувствува тоа што го почувствував јас“, порача Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема одмор кај Покетино: Дел од играчите на Јунајтед кренаа тегови по ремито

По 2-2 против Спортинг во Лисабон, Покетино им зададе дополнителна работа на дел од фудбал…