Денес еден од последните два 1/8 финални дуели на ЛШ е натпреварот помеѓу Јувентус и Виљареал. Првиот натпревар беше 1-1, па вечер воопшто нема да биде лесно во Торино.
Старата дама ја „подмлади“ Душан Влаковиќ
Во Јувентус пред почетокот на оваа сезона во клубот се врати Алегри и на почетокот не донесе ништо ново кога е во прашање играта на овој клуб. Во минатото коло изигра фантастичен дуел на гостувањето кај Сампдорија, а тој дуел во Џенова заврши со резултат 1-3. Примарната цел на Јувентус секако ќе биде пласман во ЛШ, а кога сме кај најелитното фудбалско натпреварување, треба да нагласиме дека без поголеми проблеми стигнаа до 1/8 финалето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во првиот дуел против Виљареал изиграа солиден натпревар на Ел Мадригал и гол уште во првата минута од натпреварот постигна Душан Влаховиќ. Исто така сакаме да напомнеме дека Јувентус има големи кадровски проблеми и надвор од теренот ќе бидат Киеза, Бонучи, Сандро и Мекениј, што секако дека тоа ќе ја отежни работата на вечерашниот дуел.
Жолтата подморница „плови“ кон ¼ финалето?
Исто како Јувентус и Виљареал се соочи со доста проблеми на стартот на сезоната, но овој тим игра се подобро и подобро како што изминува времето. Во домашното првенство се на седмото место на табелата со два бода помалку во однос на Реал Сосиедад, а познато е дека шестата позиција носи пласман во Европа.
Минатата сезона изиграа фантастично во Лига Европа и стигнаа до трофеј во тоа натпреварување, па на тој начи нсе докажа дека Унаи Емери е специјалист за освојување на пехари. За оваа сезона, 1/8 финалето беше означено како главна цел во ЛШ и таа мисија е исполнета, а ако продолжат понатаму со тоа би биле комплетно задоволни. На последниот натпревар против Селта изиграа добар натпревар и славеа со 1-0, па сега со одлично расположение ќе влезат во овој реванш натпревар.