Дома Фудбал Официјално: УЕФА отвори постапка за Ал Келаифи и Леонардо

Официјално: УЕФА отвори постапка за Ал Келаифи и Леонардо

После поразот од Реал Мадрид спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и првиот човек Насер Ал Келаифи направија вистински скандал во поттрибинскиот простор на „Сантијаго Бернабеу“.

Претседателот на ПСЖ се симнал до соблекувалната на судиите и ги навредувал, а со него во тие моменти бил и спортскиот директор Леонардо. Ал Келаифи дури се заканил на човек од Реал Мадрид кој го снимил неговото однесување. Наводно, газдата на ПСЖ му се обратил со зборовите: Ќе те уб*јам.

УЕФА денес соопшти дека е отворена постапка против Ал Келаифи и Леонардо, а во наредниот период ќе биде познато со какви казни ќе се соочат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Башкими бара одговор во Кавадарци, Тиквеш ја брани серијата без пораз

Кумановци гостуваат кај Тиквеш по поразот од Силекс, но со позитивен биланс во последните …