Пари Сен Жермен доживеа елиминација во Лигата на шампионите, а еден од најголемите виновници за пресвртот на Реал Мадрид е голманот Џанлуиџи Донарума.




Италијанскиот голман загуби топка во шеснаесетникот по што следеше гол на Бензема, што беше и клучен момент на мечот.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
По завршувањето на мечот претседателот Ал Келаифи беснеел и ги нападнал судиите, а жестоко било и во соблекувалната на ПСЖ.




Нејмар во соблекувалната му се нафрлил на Донарума и го обвинил за грешката, а тој му возвратил дека се шетал по теренот и му дозволил на Модриќ да одработи противнапад за вториот гол на Реал Мадрид.




Вербалната пресметка за малку ќе преминела во физички конфликт, но соиграчите ги разделиле двајцата фудбалери.