Дома Фудбал Останато Лион и Ајнтрахт со гостински победи во Лига Европа

Лион и Ајнтрахт со гостински победи во Лига Европа

Лион и Ајнтрахт Франкфурт стигнаа до гостински победи во првите два меча од осминафиналето на Лига Европа.

Ајнтрахт Франкфурт го победи Бетис на гости со 1-2. Филип Костиќ во 14-та минута постигна гол за водство на Ајнтрахт, а израмни Набил Фекир во 30-та минута. Сепак, само две минути подоцна Камада повторно донесе предност за германскиот тим, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Лион успеа да победи на гостувањето кај Порто, а херој за францускиот клуб беше Лукас Пакета, кој постигна гол во 59-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интересот на Интер за 24-годишниот играч од средниот ред на Рома, Ману Коне, и понатаму е …