Тони Крос денес им се приклучи на соиграчите на тренингот и ќе биде спремен за реванш осминафиналниот дуел со ПСЖ во Лигата на шампиони.




Германскиот плејмејкер се здоби со повреда минатата недела и беше под знак прашалник за дуелот со ПСЖ.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ова е одлична вест за Анчелоти, бидејќи нема да може да смета на Каземиро, кој е под суспензија поради жолти картони исто како и Менди.




Реал Мадрид во првиот дуел загуби во Париз со 1:0 и на „Сантиаго Бернабеу“ ќе брка еден гол негатива.