Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) размислува опција да го одложи баражот за Светско првенство помеѓу Русија и Полска за месец јуни, пренесуваат полските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првично мечот беше закажан за 24 март во Москва, а победникот треба да игра против победникот од мечот Шведска и Чешка.




Меѓутоа, поради новонастанатата воена ситуација федерациите на овие држави побараа одложување бидејќи не сакаат да играат во Москва.




Од Москва не ја прифаќаат одлуката за нивно исфрлање и се жалаат на судот во Лозана, па токму тоа е причината зошто се чека за конечна одлука од ФИФА.