Украинскиот УФЦ борец, Ихор Потиеира му испрати порака на Кабиб Нурмагомедов.
Потеира е разочаран што Кабиб се уште не се огласил по повод руската воена агресија врз Украина, а не ни испрати пораки со поддршка на украинскиот народ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во минатото Кабиб често се огласуваше за нешта кои не се поврзани со спортот, но сега избра да молчи за ситуацијата во Украина.
„Те сакаа милиони. Беше пример за сите борци во светот. Кариерата ја започна во Украина. Зборуваш за чест и вера, а сега молчиш“, истакна Украинецот.
Нурмагомедов после победата над Мекгрегор во 2018 година се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а во добри односи е и со чеченскиот диктатор Рамзан Кадиров, чија војска и помага на Русија во војната во Украина.