Дома Фудбал Останато Единствен клуб кој излегол од Суперлигата е Интер

Единствен клуб кој излегол од Суперлигата е Интер

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели денес потврди дека Суперлигата не е пропаднат проект и дека само прашање на време е кога ќе стартува.

После неуспешниот обид за формирање на Суперлига, Реал Мадрид, Јувентус и Барселона продолжија да работат на реформиран проект, а Ањели потврди дека стартувањето на новото натпреварување е неизбежно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој потврди дека 11 клуба се уште се дел од проектот и дека Суперлигата ја напуштил само еден клуб.

„Суперлигата не е дело на еден човек, туку плод на напорите на 12 клуба. Тие потпишаа договор од 120 страни, кој се уште важи за 11 од нив“, изјави Ањели.

Медиумите откриваат дека единствен клуб кој комплетно се повлекол од проектот е Интер. Миланскиот клуб имал клаузула во договорот според која можел да ја напушти Суперлигата доколку не ја добие поддршката од спонзорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти ги отстрани сите дилеми: По Бразил би водел само еден клуб до крај на кариерата

Еден од најдобрите тренери на својата генерација е легендарниот Карло Анчелоти кој сега да…