Дома Фудбал Останато Тренерот на Локомотив Москва си даде отказ поради војната

Тренерот на Локомотив Москва си даде отказ поради војната

Тренерот на Локомотив Москва, Маркус Гисдол си даде отказ во знак на протест поради руската воена инвазија врз Украина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 52-годишен Германец, во клубот пристигна пред четири месеци, на препорака на Ралф Рангник.

„Тренерската професија за мене е најдобрата во свет. Но не можам да работам во земја чиј лидер започна војна во срцето на Европа. Тоа не се моите вредности, па ја напуштив функцијата тренер на Локомотив“, изјави Гиздол.

„Не можам да бидам во Москва, да тренирам фудбалери и да барам професионализам, а на неколку километри се издаваат наредби кои носат големи страдања на една цела нација. Ова е моја лична одлука и не се сомневам во неа“, додаде Германецот.

Гисдол, целата своја кариера како играч и тренер ја мина во Германија. Претходно седеше на клупата на Келн, Хамбургер, Хофенхајм, Улм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Норвежаните во шок пред натпреварот за 30 милиони евра против Динамо: Максимир е запуштена дупка!

Стадионот Максимир во Загреб наскоро би можел да го спушти својот гард, но неговата запушт…