Дома Фудбал Италија Спалети „удри“ по критичарите по победата со Лацио: Што имате сега да кажете?!

Спалети „удри“ по критичарите по победата со Лацио: Што имате сега да кажете?!

Наполи вчера стигна до победа на гостувањето во Рим кај Лацио, победата ја обезбеди Фабијан Руиз со гол во послоедните моменти од натпреварот.

Во последно време Наполи добиваше критики од јавноста во Италија, посебно тие беа изразени после поразот во реваншот против Барселона во Лига Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Критичарите често пати потенцираат дека овој тим на Наполи нема карактер. Сега сакам да ги слушнам сите тие луѓе. Овој тим дефинитивно има карактер, ни се забележуваше што одигравме реми со Каљари, а Каљари го победи Торино овој викенд. Изгубивме на „Камп Ноу“ од Барселона, тоа беше моја грешка затоа што побарав играчите да играат со таков фајтерски пристап“.

„Се создаваше лоша атмосфера околу мојот тим и морав да ги одбранам играчите. Сега покажавме дека имаме карактер и никој не може да ми го каже спротивното“, изјави Спалети.

Елмас вчера во игра влезе во второто полувреме и беше асистент при голот на Инсиње.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…