Дома Фудбал Полска одбива да игра против Русија во баражот

Полска одбива да игра против Русија во баражот

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска, Цезар Кулеша, објави дека репрезентацијата нема да игра бараж за Светското првенство против Русија, откако Русите извршија агресија против Украина.

Во рамките на дополнителните квалификации за СП 2022 година, Полјаците требаше да гостуваат во Москва на 24 март.

„Доста зборови, време е за акција. Поради ескалацијата на насилството на Русија врз Украина, репрезентацијата на Полска нема да игра против Русија. Тоа е единствената правилна одлука“, изјави Кулеша.

Полјаците ќе го претстават својот став пред ФИФА заедно со Шведска и Чешка, кои исто така треба да играат доквалификации со победникот меѓу Полска и Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…