Дома Фудбал Италија Милан бесен на судиите: До кога ќе ни судат дебитанти

Милан бесен на судиите: До кога ќе ни судат дебитанти

Милан синоќа одигра само 1:1 против Удинезе на домашен терен, но мечот остана во сенка на големата судиска грешка,  бидејќи на гостите им беше признат гол постигнат со рака.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчот на Удинезе Удоги играше со рака при постигнување на голот, а ВАР не реагираше, па судијата Маринели го призна голот.

„Нема сомнеж, тоа беше чиста игра со рака. Фудбалерот на Удинезе постигна гол со рака. Неверојатно е како ВАР не го виде тоа, тоа е сериозна грешка која се покажа како одлучувачка за конечниот резултат. ВАР е создаден да се избегнат ваквите грешки, па ова е неприфатливо, не е првпат да бидеме вака казнети“, изјави Пиоли.

„Повеќе од јасно е дека имаше игра со рака, Милан е на врвот од табелата, па зарем е можно постојано да ни судат судии дебитанти? Никогаш не е лесно да се суди на Сан Сиро. За жал, судиите прават големи грешки“, бесен беше Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хрватска и Португалија ќе играат во пеколни услови, дербито под закана и на одложување!

Фудбалските репрезентации на Хрватска и Португалија ќе се соочат во шеснаесетфиналето на С…