Дома Фудбал Останато Швеѓаните не сакаат да играат бараж за СП во Русија

Швеѓаните не сакаат да играат бараж за СП во Русија

Претседателот на шведскиот фудбалски сојуз, Карл-Ерик Нилсон изјави дека е незамисливо да игра натпревар од бараж за Светското првенство во Катар во Русија во времето кога земјата започна инвазијата на Украина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шведска во баражот на 24 март на домашен терен ќе игра против Чешка, а Русија на домашен терен против Полска. Доколку победат Шведска и Русија, на 29 март во Русија би се одиграл натпревар кој би одлучувал за патникот на Светското првенство.

„Тоа е невозможно сценарио. После ова што го видовме утрово, незамисливо е да се игра фудбалски натпревар во Русија за неколку недели. Како што сега стојат работите, нема желба да се игра фудбалски натпревар во Русија“, рече Карл -Ерик Нилсон.

Тој не повика Русија да биде исклучена од квалификациите за Светското првенство: „Мислам дека не треба да носиме избрзани одлуки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ова се случи втор пат некогаш на Светското првенство во фудбал, последен пат на 15 јуни 1958 година

Чуден ден е зад нас на Светското првенство во фудбал. Имавме можност да видиме четири натп…