Душан Влаховиќ вчера одигра добар натпревар за Јувентус постигнувајќи го неговиот деби гол во Лигата на шампионите во ремито на „старата дама“ против Виљареал.
На Србинот му беа доволни само 32 секунди да го постигне првенецот во Лигата на шампионите. Италијанските медиуми го оценија Влаховиќ како најдобар поединец во редовите на Јувентус.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интересен детал за Влаховиќ откри Рамон Планес, човекот кој до неодамна беше спортски директор во Барселона. Планес потврди дека Барселона пред две години се обидувала да го доведе Влаховиќ.
„Да, точно е. Го следевме Влаховиќ уште пред две години и работевме да го доведеме на позајмица од Фиорентина. Сепак преговорите не беа успешни“, изјави Планес.
Јувентус на Фиорентина за Влаховиќ и плати сума од 65 милиони евра и според стартот кој го има во клубот од Торино Србинот би требало да ги оправда очекувањата.