Дома Фудбал Адеми го пропушта дуелот со Севиља

Адеми го пропушта дуелот со Севиља

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, ќе го пропушти реванш натпреварот против Севиља во Лига Европа.

Македонскиот репрезентативец викендов го повредил мускулот, па до крајот на неделата Адеми ќе биде под лекарски надзор, а дури потоа ќе биде донесена одлуката кога ќе може да се врати во тимот.

Македонскиот фудбалер се повреди во мечот против Локомотива Загреб, иако во игра влезе во вториот дел, но мораше да биде заменет по 12 минути поминати на теренот.

Се надеваме дека Адеми ќе биде подготвен и за историскиот меч на Македонија во баражот против Италија на 24 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…