Дома Фудбал Италија Мората: Алегри ми објасни колку важен ќе биде трансферот на Влаховиќ за мене

Мората: Алегри ми објасни колку важен ќе биде трансферот на Влаховиќ за мене

Фудбалерот на Јувентус, Алваро Мората кажа дека Душан Влаховиќ влијаел на неговата позиција во тимот, но и дека се надева на нов гол на Србинот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во текот на зимскиот преоден рок се шпекулираше дека Шпанецот ќе се пресели во Барселона, но „Старата дама“ не дозволи таков трансфер.

„Не е важно колку бев блиску до трансфер. Разговарав со тренерот Алегри, а тој ми кажа какви идеи има. Ми објасни колку ќе биде важно доаѓањето на Душан за мене, а така и беше на крајот“, кажа Мората.

На прашањето на кој начин влијаел Влаховиќ на него, шпанскиот фудбалер даде краток одговор.

„Тој е фантастичен играч. Ни донесе само позитивни работи. Млад е и ќе има одлична кариера“, изјави Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легенда на светскиот фудбал откри дека има рак

Една од најголемите легенди на светскиот фудбал и човек чие име е засекогаш поврзано со Ли…