Македонскиот голман Борко Ристовски останува во Вардар и во следната натпреварувачка сезона 2022/2023.
Борко го продолжи договоорт на уште една сезона и истакна дека сака да биде ментор на неговите помлади колеги Мартин Томовски и Васил Гогов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во спортот не можете да кажете дали ќе играте уште една или уште пет сезони. Важно е што сум здрав и што тренирам добро. Сакам да им отстапам место на помладите. Ме радува што Томовски се развива во одличен голман. Од неодамна го имаме и Венио Лосерт кој е големо име и добро работиме со него. Веќе кај Гогов може да се забележи напредок“, изјави Ристовски.
Во редовите на Вардар Борко пристигна во 2020 година кога клубот се соочуваше со тешка финансиска состојба.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961