Францускиот тим ПСЖ има голем број ѕвезди во екипата, а посебно се издвојува напаѓачкото трио кое е составено од Нејмар, Килијан Мбапе и Лионел Меси.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
ПСЖ е доказ дека група на ѕвезди не гарантираат успех, односно титули, а тоа го потврдија со досегашните настапи во Лигата на шампиони (ЛШ).
Парижаните направија и неколку лоши одлуки, а посебно згрешија кога станува збор за бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва.
По осум години во дресот на ПСЖ, Силва замина во Челси, каде што покажа дека може да игра на врвно ниво и досега ги освои ЛШ, УЕФА Суперкупот, Светското клупско првенство, додека ПСЖ уште чека на европски исчекор.