Дома Фудбал Останато ПСЖ веќе се помириле дека Мбапе ќе оди во Реал Мадрид

ПСЖ веќе се помириле дека Мбапе ќе оди во Реал Мадрид

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи веќе се помирил со фактот дека суперѕвездата Килијан Мбапе на лето ќе се пресели во Реал Мадрид, тврди „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот на сезоната и тој веќе има комплетен договор со „кралевите“, па ќе се пресели во Мадрид како слободен агент.

23-годишниот Французин беше најдобар во победата над Реал Мадрид и ги приближи „светците“ до четвртфиналето од Лигата на шампиони.

ПСЖ направи се за да го убеди да стави потпис на нов договор, но Мбапе веќе донел конечна одлука.

Се очекува Мбапе да биде промовиран за нов играч на Реал Мадрид веднаш по завршувањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачка на Конго со огромни гради стана хит (Видео)

Пред сè, ремито меѓу Португалија и ДР Конго (1:1) беше обележано од големото натпреварувањ…