Дома Фудбал Лига на шампиони Шпанските медиуми: Раководството на ПСЖ вршеше притисок врз судиите

Шпанските медиуми: Раководството на ПСЖ вршеше притисок врз судиите

Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони беше поразен од ПСЖ со 1:0, а единствениот гол на мечот го постигна Килијан Мбапе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според шпанските медиуми, сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор, Леонардо на полувремето се симнале во соблекувалните и му правеле притисок на судијата Даниеле Орсато. 

Шпанските медиуми за поразот го обвинуваат првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој им одржал лекција на судијата Даниел Орсато и неговите помошници во соблекувалната.

„Ал-Келаифи и Леонардо беа во соблекувалната на полувреме и непристојно се однесувале кон судиите. Не знаеме зошто го направиле тоа. Реал Мадрид не очекува никакви санкции против ПСЖ. Ал-Келаифи и помогна на УЕФА да потпише договор вреден 15 милијарди евра“, пишуваат медиумите.

Касемиро и Менди во второто полувреме заработија жолти картони и се суспендирани за реваншот, што според „Марка“ е доказ дека судиите подлегнале под притисокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…